Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Огромни проблеми за Англичаните пред четвртфиналето

Огромни проблеми за Англичаните пред четвртфиналето

Репрезентацијата на Англија се соочува со огромни проблеми пред четвртфиналниот дуел против селекцијата на Шведска.

Неколку фудбалери се жалат на повреда, а меѓу нив е дуото од Тотенхем, Деле Али – Хари Кејн.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скај Спорт тврди дека Али и натаму го мачи повредата на бутниот мускул поради која пропушти два натпревари во групната фаза, но многу поголем проблем е повредата на најдобриот стрелец на Мундијалот Хари Кејн.

Фантастичниот напаѓач има проблеми со грбот и двајцата фудбалери за сега се под знак прашалник за натпреварот против Шведска.

Исто така, Варди нема да биде спремен за натпреварот поради повреда, па селекторот Саутгејт мора да ги пушти во акција Маркус Рашфорд и Дани Велбек.

Натпреварот помеѓу Англија и Шведска се игра во сабота од 16 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…