Дома Трансфер зона Калиниќ се предомисли: Останувам во Фиорентина!

Калиниќ се предомисли: Останувам во Фиорентина!

Иако медиумите пишуваа дека трансферот е веќе готово, сепак хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ не ја прифати богатата кинеска понуда.

Калиниќ призна дека размислувал да ја прифати понудата на Тијанџин, но донел конечна одлука да остане во Фиорентина каде се чувствува одлично.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сакам да продолжам да играм во Италија, во клубот каде се чувствувам одлично. Беше голем притисокот од медиумите, цел свет пишуваше за мојот трансфер, но луѓето од клубот цело време беа максимално коректни и не ми поставуваа услови“.

„Понудата беше добро и секако дека ме натера на размисливање, но јас донесов конечна одлука. Останувам во Фиорентина“, потврди Калиниќ.

Кинескиот клуб му понуди на хрватскиот напаѓач 12 милиони евра по сезона и четиригодишен договор, што значи дека Калиниќ одби вкупно 48 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…