Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Осорио жестоко по Нејмар: Фудбалот е машка игра, а не игра за кловнови

Осорио жестоко по Нејмар: Фудбалот е машка игра, а не игра за кловнови

Во денешното прво осминафинале селекцијата на Бразил ја оправда фаворитската улога и славеше против Мексико со 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погодоците на средбата ги постигнаа Нејмар и Фимрино. Сепак, впечаток е дека најголемо внимание од натпреварот привлекува потегот на Нејмар со кој се обиде да исценира посериозен удар од Лајун.

Таквото однесување на Нејмар, посебно не му се допадна на селекторот на Мексиканците, Хуан Карлос Осорио кој по завршувањето на натпреварот остро ја нападна првата ѕвезда на Бразилците.

„Имавме контрола и на моемнти бевме подобар протовник. Срамота е што толку време беше потрошено само на еден фудбал. Само поради тој фудбалер имаше прекини од по пет минути. Фудбалот би требало да е машка игра, а не игра за кловнови“, изјави Осорио.

Него спомена името, но многу е јасно за кого стануваше збор…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ибра во свој стил: Ако јас играв, ќе добиев четири црвени картони!

Легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ (44) за време на Светското првенство работи како с…