Дома Тенис Вимболдон: Федерер моќно ја стартуваше одбраната на титулата

Вимболдон: Федерер моќно ја стартуваше одбраната на титулата

Роџер Федерер немаше никакви проблеми во својот прв натпревар на Вимболдон оваа сезона и експрено го победи Србинот Душан Лајковиќ.

Осумкратниот шампион на Вимболдон стартуваше со победа на третиот Гренд Слем оваа сезона. Откако ја пропушти сезоната на земја, Федерер започна да реди победи на трева, па така на стартот од „Виболдон“ славеше победа над Лајовиќ.

Швајцарецот експресно ја одработи работата и со 3:0 (6:1, 6:3, 6:4) го елиминираше Србинот.

Федерер од самиот старт покажа дека нема намера да си прави проблеми на стартот, па во првиот сет кој траеше само 20 минути го доби со 6:1.

Лајовиќ остави впечаток како да влезе премногу импресионирано во овој меч. Во вториот имаше неколку блесоци, но тоа беше доволно само за 6:3. Најмногу гејмови Лајковиќ освои во третиот сет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…