Металург  ги дозна своите противници во групната фаза на Лигата на шампионите, каде ќе се соочи со екипите на Бјерингбро (Данска), Спортинг (Португалија), Бешикташ (Турција), Чеховски Медведи (Русија) и Татран Прешов (Словачка).

Својот коментар го даде Александар Јовиќ, тренерот на клубот од Автокоманда :

“Се работи за тешка група во која повеќе екипи ќе атакуваат на првите две позиции, кои водат во следната плејоф-фаза. Како фаворити ги гледам екипите на Бјерингбро и на Спортинг Лисабон, но не помалку тешки ќе бидат и дуелите со преостанатите три екипи. Металург во оваа конкуренција ќе настапи со убедливо најмлад тим и секој освоен бод ќе биде и успех и задоволство. Се уште ја немаме комплетирано екипата, па, меѓу другото, и од тоа ќе зависи со какви амбиции ќе ја стартуваме групната фаза“, вели Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Узунчев со два гола против Алборг, Целје остана без бодови

Димитар Узунчев реализираше два од трите шута во поразот на Целје кај Алборг со 34-30. Мак…