Дома Фудбал После Меси и Роналдо испратен дома: Кавани му закажа на Уругвај четвртфинале со Франција! (видео)

После Меси и Роналдо испратен дома: Кавани му закажа на Уругвај четвртфинале со Франција! (видео)

Од 20:00 часот се одигра и второто осминафинале на Мундијалот во Русија, а на крајот од средбата помеѓу Уругвај и Португалија, како победниците излегоа Уругвајците.

Средбата започна одлично за Уругвајците. Уште во осмата минута проработе одличниот тандем Суарез – Кавани. Фудбалерот на Барселона испрати одличен центаршут од работ на шеснаесетникот, а на вистинското место беше Кавани. Интересно што Кавани овој погодок успеа да го постигне со рамо.

По овој погодок следуваше стандардната игра на Уругвајците со дисциплинирана игра во одрбаната.

Португалците до изедначување успеаа да стигнат во вториот дел во 55 минута од средбата кога центаршутот на Гуериро го искористи Пепе.

Сепак, кратко траеше радоста на Португалците.

Само седум подоцна Кавани повторно го совлада Патрисио. Овој пат во улога на асистент беше играчот за врска Родриго Бентакур.

По овој погодок, Португалците имаа теренска иницијатива, но сите нивни акции завршуваа пред шеснаесетникот без посериозна прилика за погодок.

Во четвртфиналето Уругвај ќе игра против Франција, која претходно ја совлада Аргентина со 4:3.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…