Аднан Јанузај постигна спектакуларен погодок во победата на Белгија над Англија.
Јанузај игра за селекцијата на Белгија, но води потекло од Косово, па новинарите го прашаа зошто не го прославил погодокот како Гранит Џака и Џердан Шаќири кој го симулираа албанскиот двоглав орел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постои фудбалски терен, како и политички, тоа се две различни работи. Не сум сконцентриран на тоа како ќе го прославам погодокот. Кога ќе постигнете гол преполни сте со емоции. Јас славев со соиграчите“, изјави Јанузај.
Јанузај можеше да избира помеѓу неколку репрезентации за која ќе настапува, но на крајот ја избра Белгија и свесен е дека неговиот гол се славеше и во голот на земјата од која има потекло.
„Мислам дека се славеше. Уште неколку Албанци постигнуваа гол на Светското првенство и сигурно дека и тие прославени секаде и мило ми е поради тоа“, заврши Јанузај.