Како што пренесуваат италијанските медиуми, екипата од шпанската престолнина е заинтересирана за фудбалерот на „Росонерите“.
Пристигна Никола Калиниќ во смирениот летен преоден рок во 2017. година на „Сан Сиро“, на инсистирање на Винченцо Монтела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дојде со епитет на еден од најдобрите стрелци во Серија А, а ќе замине како едно од најголемите промашувања на управата на Милан.
„Росонерите“ сакаат да го продадат, Франкфурт, Шалке и московски Спартак веќе испратија понуди, но сега во трката се вклучи и Диего Симеоне со својот Атлетико.
Аргентинецот како што се наведува веќе остварил телефонски разговор со Хрватот, кој е исфрлен од репрезентацијата веќе по првиот меч на Мундијалот, бидејќи одби да влезе во игра од клупата против Нигерија.
„Чоло“ изгледа верува во неговите квалитети, а Атлетико подготви понуда од 22-25 милиони за услугите на Калиниќ, што се чини би било доволно.