Дома Фудбал Англија „Плавите“ одлучни: Го сакаат исклучиво Алисон на голот, но имаат и адут во ракавот…

„Плавите“ одлучни: Го сакаат исклучиво Алисон на голот, но имаат и адут во ракавот…

Тибо Куртоа би можел да го напушти Челзи ова лето, „Плавите“ се надеваат дека би можеле да го продадат на мадридски Реал, па во тој случај би тргнале со сите сили по Алисон, кој е прва желба на „Лос Бланкос“.

Рома бара околу 70 милиони евра за услугите на својот чувар на мрежата, кој како што се наведува и се договорил со Реал, но Мадриѓаните не успеваат да најдат заеднички јазик со Римјаните околу обештетувањето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тука Челзи ја гледа својата шанса, но во случај ниту тие да не успеат да се договорат со Рома, „Плавите“ подготвуваат алтернатива.

Како што се наведува тие веќе испратиле понуда на „Олимпико“, таа гласи 60 милиони евра, но управата на „Волчицата“ тоа глатко го одби.

Доколку на крајот не успеат да го ангажираат Алисон, ќе се насочат кон Џанлуиџи Донарума, кој е на излезни врати од „Сан Сиро“.

Милан е во големи проблеми, заработија забрана за играње во европските натпреварувања, се наоѓаат и во финансиски проблеми, па би можеле да се кренат само со продажба на играчи.

Сега Челзи, е заинтересиран за услугите на Донарума, но тоа единствено само во случај Алисон да остане недопирлив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед добива стадион од соништата – ќе има 100.000 седишта, а ќе вреди 2,3 милијарди евра (Видео)

Манчестер јунајтед е уверен дека може да постигне клучни договори кои ќе овозможат продолж…