Легендарниот Диего Армандо Марадона се најде во центарот на вниманието по натпреварот помеѓу Аргентина и Нигерија.
Марадона страсно ја прослави победата на својата репрезентација и пласманот во осмина финалето, а по натпреварот падна по што мораше да оди во болница. Меѓутоа, еден од најдобрите играчи на сите времиња набрзо се огласи и кажа дека се е во ред.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако неговите доктори му рекоа дека не несмее толку да се возбудува, изгледа дека Марадона нема да ги послуша. Тој потврди дека и денеска ќе биде на трибините на натпреварот во осмина финалето против Франција, а пред овој натпревар повторно одлучи да му испрати порака на Меси.
„Ова се уште може да биде Светско првенство на Меси. Само што започна, се уште е Светско првенство во пелени. Дури сега почнува сериозно да се игра. Се разбира дека повторно ќе бидам на трибините да ја бодрам својата репрезентација, тоа не беше доведено во прашање и по се“, изјави Марадона.