Дома Топ вести Мурињо во „невозможна“ мисија: Една од главните мети е – ѕвездата на Реал Мадрид!

Мурињо во „невозможна“ мисија: Една од главните мети е – ѕвездата на Реал Мадрид!

Жозе Мурињо сака сериозно да го засили тимот пред почетокот на новата сезона.

Денес мадритски „Ас“ пишува, a пренесуваат и англиските медиуму дека Мурињо одржал состанок со Ед Вудворд и на истиот јасно му ставил до знаење дека сака сериозни засилувања, а една од главните теми на состанокот според шпанскиот медиум бил, ни помалку, ни повеќе – Тони Крос!

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во текстот се наведува дека Јунајтед е спремен да ја исполни желбата на Мурињо и добро да плати за Крос кој би бил лидер на еден нов Манчестер Јунајтед. Секако англискиот гигант е свесен дека Крос воопшто нема да биде лесна мисија бидејќи тука се прашува и Реал Мадрид.

Крос во Реал Мадрид пристигна во 2014 година и помалку или повеќе кај секој тренер добиваше важна улога во тимот. Како што Мурињо му спрема главно место во тимот, сличен план има Јулиен Лопатеги, новиот тренер на Реал Мадрид.

Германецот во својот договор има клазула од 500 милиони евра, па тоа само уште еден показател дека ако некој воопшто успеа да стигне до неговиот потпис ќе мора да издвои сериозна сума која можеби би била и нов светски рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…