Се сеќавате кога Пеле прогнозираше дека некоја афричка селекција наскоро триумфира на едно Светско првенство? Легендата на светскиот фудбал добро ќе размисли после Мундијалот во Русија…
Мундијалот во Русија ќе го паметиме по многу славни и неславни рекорди, а денес стигна и не така добра статистика за африканскиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На овогодинешниот Мундијал ниту една селекција од афричкиот континент не успеа да се пласира во осминафиналето, сите пласирани турнирот го завршија во групната фаза.
Последен пат тоа се случи во 1982 година, но од тогаш видовме бројни блесоци на репрезентациите од „Црниот Континент“ што нема да биде случај со овој Мундијал.
Најблиску до пласман во осминафиналето беше Сенегал кој денес во неверојатна завршница во групата Х „успеа“ да испадне од шампионатот поради – бројот на жолти картони!
Тунис е последната афричката селекција која ќе настапи вечерва, но и тие веќе се без шанси за пласман во осминафиналето.