Турските медуми пренесуваат дека Бешикташ е во интензивни преговори со Атлетико Мадрид за трансфер на напаѓачот Фернандо Торес.
Претседателот на Бешикташ, Фиктер Орман имал состанок со претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Карезо и му понудил 2 милиони евра за потписот на Торес.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Јорганџиите“ се спремни да ја прифатат понудата бидејќи договорот на Торес истекува на крајот на сезоната и немаат намера да му го продолжат со оглед на фактот дека напаѓачот веќе има 34 години.
Торес исто така е спремен да се пресели на Босфорот бидејќи Бешикташ му понуди добри финансиски услови.