Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Марадона излезе од болница: Ме болеше вратот, сега сум добро

Марадона излезе од болница: Ме болеше вратот, сега сум добро

Легендарниот Диего Армандо Марадона синоќа после натпреварот помеѓу Аргентина и Нигерија не се чуствуваше добро и му беше укажана лекарска помош.

Откако излезе од болница се огласи на својот фејсбук профил, кој истакна дека сепак не завршил во болница, иако лекарите го советувале уште на полувремето на натпреварот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да им порачам на сите дека сум добро и не сум во болница. На полувремето на натпреварот против Нигерија ме болеше вратот. Лекарот ме прегледа и ме советуваше да заминам на полувремето. Одлучив да останам, бидејќи игравме важен натпревар. Како би можел да заминам? Бакнеж до сите, извинете на загриженоста.“ – порача Марадона.

Аргентина во осминафиналето ќе игра против селекцијата на Франција.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Момент кој не се виде во ТВ преносот: Погледнете како Винисиус го исмејуваше Кимих

Реал Мадрид вчера го елиминираше Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите, а В…