Италијанските медиуми тврдат дека трансферот на Никола Калиниќ од Фиорентина во кинески Тијанжин е веќе завршена работа и треба да биде официјализиран во наредните денови.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
После неколкунеделните преговори Калиниќ ја прифати понудата на кинескиот клуб и се согласи да се пресели во Кина каде годишно ќе заработува 12 милиони евра по сезона.
Фиорентина за неговата слобода ќе добие неверојатни 45 милиони евра, па поради тоа „виолетовите“ инсистираа Хрватот да ја прифати понудата.
Со реализација на овој трансфер Калиниќ ќе стане најскапиот Хрват на сите времиња и моментално далеку најплатен фудбалер на „коцкестите“.