Дома Фудбал Ова е неверојатно: Михајловиќ доби отказ од Спортинг после само 10 дена

Ова е неверојатно: Михајловиќ доби отказ од Спортинг после само 10 дена

Неверојатни информации пренесуваат португалските и италијанските медиуми – Синиша Михајловиќ доби отказ од Спортинг Лисабон после неполни 10 дена.

Михаловиќ седна на клупата на португалскиот гигант и беше желба на претседателот Бруно де Карваљо, но сега дојде до промена на претседателското место.

Токму тоа е и причината за отказот, бидејќи новиот претседател не го сака Михајловиќ, па веќе му врачил отказ.

Михајловиќ потпише договор на три години, со кој требаше да заработи вкупно 6 милиони евра, па Спортинг сега бара начин како да го намали обештетувањето.

Двете страни моментално преговараат околу раскинувањето на договорот, па можно е Србинот да прифати џентлменски договор и да добие само 2 милиони евра, па веднаш да биде слободен да потпише за друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…