Дома Фудбал Левандовски за неуспехот на Полска ги обвинува соиграчите

Левандовски за неуспехот на Полска ги обвинува соиграчите

Репрезентацијата на Полска не покажа ништо на овој Мундијал.

Една од селекциите кои веќе немаат никакви шанси за пласман во следната фаза е и селекијата на Полска.

Очајно одиграа против Сенегал, па мораа да се „вадат“ против Колимбија и тоа не им успеа.

Одиграа можеби и полошо од првиот натпревар и беа поразени од 3:0, а по загубените шанси се огласи првата ѕвезда на оваа селекција, Роберт Левандовски.

Според него тој не е главен виновник.

„Јас сум напаѓач кој живее од асистенциии. На овој Мундијал немав шанса да постигнам гол“, изјави Левандовски.

Очигледно Левандовски ги обвинува соиграчите за неуспехот и за фактот што не постигна ниту еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…