Уште едно засилување пристигна на Вестфален, Борусија Дортмунд е блиску до реализација на својот најскап трансфер во овој преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од Мајц за 25 милиони го купија францускиот дефанзивец, Абду Дијало. Со денови траеше трката со Лион за стоперот на Мајнц, но на крајот играчот пресече и се одлучи за Милионерите, наместо за враќање во својата земја.
„Во завршни преговори сме“, потврди спортскиот директор на Борусија, Михаел Чорк.
Дијало е капитен на младата репрезентација на Франција и воодушеви во Мајнц изминатата сезона кој пак изминатото лето го донесе од Монако за само 5 милиони евра.