Велат дека врв на бундеслигашката кариера за секој фудбалер, особено за Германците е кога големиот Баерн Минхен ќе ви тропне на врата и ќе сака да ве донесе на „Алијанц Арената“.
Иако се ретко, сепак постојат и фудбалери кои се спремни да ги одбијат Баварците. Еден таков е Марко Ројс, дете и икона на Борусија Дортмунд.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Од 2012 година па до денес Баерн се обидуваше да го доведе Ројс во неколку наврати, сепак неуспшно, иако во тој период од Дортмунд ги купи Геце, Левандовски и Хумелс.
Баерн го посакуваше Ројс уште додека играше за Борусија Мехенгадбах, но и тогаш крилниот напаѓач ги одби Баварците и се реши да премине во својот матичен клув, Борусија Дортмунд.
Со Дортмунд успеа да го победи Баерн во траката за титулата во Бундес лигата, го освои Купот, а токму против Баварците загуби во финалето од Лигата на шампиони.
За сега Ројс не дозволи милионите да ја прекинат љубовта меѓу него и Борусија Дортмунд, но едно е јасно – кога ќе го напушти клубот сигурно нема да премине во Баерн Минхен, туку во некој друг европски гигант.