Дома Фудбал Италија Во Интер преоден рок од соништата: Пристигна фантастичен Бразилец..

Во Интер преоден рок од соништата: Пристигна фантастичен Бразилец..

„Нероаѕурите“ пронајдоа формула за трансфер. Фудбалерот на Бордо, Малколм ја прифати понудата на Интер и ќе му се придружи на миланскиот клуб во текот на следната седмица, дознава Газето дело Спорт.

Талентираниот Бразилец беше мета на бројните клубови уште од јануари, но се чини дека најконкретни беа Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот постигна договор со фудбалерот, додека преостанува да се реши прашањето на релација Интер- Бордо, а тоа би требало да биде решено до 29. јуни.

Формулата е јасна: Интер ќе плати позајмица со опција за откупување од 8 милиони евра, а во следните години францускиот клуб ќе ги исплати преостанатите 32 милиони евра за цифрата да се заокружи на 40 милиони евра.

Младиот репрезентативец на Бразил се наоѓа во одлична форма, бидејќи неодамна во завршената сезона постигна 12 погодоци и запиша осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…