Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА со демант: Судијата не го побарал дресот на Роналдо

ФИФА со демант: Судијата не го побарал дресот на Роналдо

ronaldo

Во текот на вчерашниот ден Португалија со 1:0 го победи Мароко, а после овој натпревар се појавија огромни контроверзии.

Имено, Мароканците тврдеа дека главниот судија на натпреварот Марко Гајагер на полувремето го побарал дресот од ѕвездата на Португалија и Реал Мадрид, Кристиано Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ваквите вести стигнаа и до ФИФА која денес излезе во јавноста со демант.

„Во текот на вчерашниот ден медиумите пишуваа дека Г-дин Гајагер го побарал дресот на капитенот на Португалија. Со сигурност можеме да потврдиме дека од наша страна беше контактиран Г-дин Гајагер, па потврдуваме дека тој не направил нешто такво. Сите судии до знаокот на ФИФА имаат инструкции како да се однесуваат, а тој (судијата) се однесуваше според сите правила и прописи“, стои во соопштението на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…