Димитри Паје успеа во намерата да го напушти Вест Хем и во следните неколку дена ќе го комплетира трансферот во Олимпик Марсеј, пренесува еминентниот „Екип“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секогаш добро информираниот „Екип“ пренесува дека двата клуба веќе го договориле трансферот и дека францускиот клуб на „чеканите“ ќе им исплати 25 милиони евра.
Паје инсистира да го напушти Вест Хем и влезе во расправија со челниците на клубот, па дури одби и да тренира.
Сепак, англискиот клуб попушти и се согласи да го продаде Французинот и така да ја затвори сагата која само може да му наштети на тимот.