До почетокот на трансфер периодот во НБА остануваат помалку од две недели, а Леброн Џејмс повторно ќе биде „најжешка тема“, бидејќи се очекува по втор пат да го напушти Кливленд.
„Кралот“ ќе му ја соопшти одлуката на Кавалерс на 29-ти јуни, а „ЕСПН“ тврди дека Леброн ќе се пресели во Западната конференција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумот тврди дека Леброн имал неколку разговори со Пол Џорџ за негов евентуален трансфер во Лејкерс. Имено, „Кралот“ нема намера да се пресели во Хјустон, туку сака во Лос Анџелес.
33-годишниот Џејмс последните 4 години ги помина во Кливленд и одигра четири финалиња, притоа успеа еднаш да ја освои шампионската титула.