Најдобриот фудбалер на Аргентина, Лео Меси одигра слаб натпревар против Исланд и уште еднаш се потврди дека никако не му одговара притисокот кој му го прават аргентинските медиуми.
Меси против Исланд помеѓу останатото промаши и пенал, а пред вториот натпревар на Првенството, против Хрватска, имаше чудна изјава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Против Исланд изгледавме добро во дефанзива.“ – кратко прокоментира Меси на новинарите пред натпреварот против Хрватите.
Аргентинските медиуми оваа изјава посебно ја анализираа, бидејќи сметаат дека неговата репрезентација токму во дефанзивата изгледаше лошо.
Да потсетиме, Аргентинците ќе бидат во незавидна ситуација доколку изгубат од Хрватска и ќе се соочат со испаѓање уште во групната фаза.