Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Руни не може да го чека стартот на Мундијалот за Гордиот Албион…?!

Руни не може да го чека стартот на Мундијалот за Гордиот Албион…?!

Некогашниот капитен на Англија, Вејн Руни испрати порака до играчите и фудбалската јавност во пресрет на првиот меч на Англија на Мундијалот во Русија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Руни ја истакна својата поддршка за репрезентацијата која првиот настап НА СП ќе го има против селекцијата на Тунис.

Напаѓачот на Евертон играше 119 натпревари за репрезентацијата, а пред заминувањето во пензија во август изминатата година,стана најдобриот стрелец на оваа земја со 53 погодоци, престигнувајќи го победникот на Светскиот куп во 1966. година, Боби Чарлтон, кој во својата голема кариера постигна 49 погодоци.

Руни немаше среќа со Гордиот Албион на Светските првенства. Пред 12 години доби црвен картон против Португалија, 2010. година ги разлути обожувателите по разочарувачкото реми со Алжир, а сопре во Бразил, каде конечно го постигна својот прв погодок на Мундијалите, против Уругвај.

Сега кога не е дел од екипата, емоциите веројатно го обземаат, што беше потврдено и на Твитер:

„Не можам да го дочекам почетокот на вечерашниот натпревар. Среќно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Далиќ најави заминување и порача: Малите двапати направија чудо, сега не смееја

По цели девет години, Златко Далиќ се повлекува од позицијата селектор на Хрватска. Јавно …