Аргентина веќе се сопна на првиот чекор во грушпата на смртта и сега стартува пеколот. На Гаучосите вече по првите 90 минути и ремито со Исланд, им виси пласманот во осминафиналето.
Имаше доста предупредувања дека Аргентина не смее да размислува на големи дострели додека не ја мине групата, но залудно. Исланд успеа да си „поигра“ со Меси и другарите…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинците веќе во второто коло имаат меч да се биде или не. Ако загубат од Хрватска, во сериозна опасност се да бидат елиминирани. Затоа во таборот на репрезентацијата е вклучен аларм. Селекторот Сампаоли веќе размислува за крупни промени за дуелот со Хрватите. А, како и не кога она што неговите фудбалери го покажаа против Исланд, никому не му влева оптимизизам.
Аргентинските медиуми јавуваат дека Сампаоли веќе се одлучил за три промени пред дуелот со Хрватска. Од стартната постава ќе испаднат, Анхел Ди Марија, Лукас Билја и Едуардо Салвио, а да влезат би требало Кристијан Павон, Џовани Ло Селсо и Габријел Меркадо.
Павон против Исланд го замени Ди Марија и внесе живост во играта на Аргентина. Ди Марија потполно го разочара и Сампаоли, па оттаму селекторот има и поддршка од јавноста за ваквиот чекор.