Лео Меси вчера немаше свој ден, Аргентина не успеа да го победи Исланд, а тој не реализираше пенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Не покажаа апсолутно ништо, само стоеа зад топка, навистина штета е што не победивме. Дефинитивно заслуживме, тоа што тие играа е анти-фудбал. Виновен сум и јас што не постигнав гол од пенал“.
„Не ни очекував ова да биде лесна група, но мораме да заборавиме на стартот. Не вреди да трошиме време на анализи, беше што беше, наредниот натпревар против Хрватска мораме да го победиме“, изјави Меси.
Натпреварот против Хрватска, Меси и друштвото го играат во четврток.