Финалистот на претходното Светско првенство, селекцијата на Аргентина се пострамоти на стартот на Мундијалот и не успеа да го победи дебитантот Исланд (1:1).
Трагичар за „гаучосите“ беше најголемата ѕвезда Лео Меси кој не успеа да постигне гол од белата точка во 64-та минута, што на крајот се покажа како клучен детал на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентина добро го отвори натпреварот и иницијативата ја материјализираше Агуеро во 19-та минута со прекрасен гол.
Меѓутоа неколку минути подоцна се покажа дека одбраната е болна точка на Аргентинците, па после една решка Финбогадсон погоди за 1:1, резултат со кој се замина на полувремето.
Во второто полувреме Аргентина имаше целосна иницијатива, но не создаде многу изгледни шанси. Најзрелата секако ја имаше Лео Меси во 64-та минута од белата точка, но не успеа да постигне гол.
Исланд успеа да се одбрани до крајот за конечни 1:1 и го освои првиот бод на Светските првенства.