Дома Фудбал Втор ден на Мундијалот и една чудна ситуација: Египќанецот одби да ја прими својата награда?! (ФОТО)

Втор ден на Мундијалот и една чудна ситуација: Египќанецот одби да ја прими својата награда?! (ФОТО)

Во текот на вториот натпреварувачки ден на Мундијалот во Русија, вчера Уругвај во последните моменти постигна погодок со кој запиша значајна победа во дуелот против Египет, во чиј состав за потсетување, не се најде Салах.

На дуелот брилијантен беше египетскиот голман, Ахмед Ел Шанави, бранете фантастично, а на крајот од мечот заслужено беше прогласен за играч на мечот.

Сепак, наградата не сакаше да ја прими.

Имено, наградата не ја прими бидејќи „Будвајзер“ е генерален спонзор на наградата за играч на мечот, а добро познато на сите ни е дека се работи за компанија која произведува алкохолни пијалоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од мундијалски бараж до година без победа: тежок биланс за Македонија

Македонската сениорска селекција ја завршува 2026 година со две ремија и осум порази. Седу…