Дома Фудбал Чави: Одлуката на Лопатеги беше неправедна и неочекувана

Чави: Одлуката на Лопатеги беше неправедна и неочекувана

Целиот фудбалски свет сметаше дека работата околу Лопатеги е готова, а потоа шпанскиот фудбалски сојуз на вонредната конференција го разреши Лопатеги од должноста селектор на Шпанија.

Веднаш по завршувањето на конференцијата за медиуми насловните на шпанските весници и портали излегоа со различни проценки.
Нешто подоцна се огласи легендата на Шпанија и Барселона, Чави Хернандез.

„Одлуката на Лопатеги според мое мислење беше неправедна и неочекувана. Беше тоа вистинско изненадување за сите нас. Сметам дека Руибалес реагираше многу добро. Не одлучуваше ништо на своја рака, туку одеше преку сојузот кој сепак мора да биде пред секого“, изјави Чави за „Марка“.

Чави потоа го прокоментира новиот селектор и шансите на „Фуријата“.репрезентацијата

„Мислам дека Хиеро и тоа како е способен да ја превземе грижата за . За мене Шпанија секогаш била и ќе биде кандидат за освојување на титулата“, истакна Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …