Дома Трансфер зона Халиловиќ се враќа во Примера

Халиловиќ се враќа во Примера

„Мудо Депортиво“ пренесува дека надежта на хрватскиот фудбал, Ален Халиловиќ би можел да се врати во Примера, овој пат во дресот на Валенсија.

Халиловиќ не добива голема минутажа во Хамбургер, каде пристигна минатото лето од Барселона како големо засилување, па би можел експресно да се врати во Шпанија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потсетуваме, Халиловиќ пристигна во Барса во 2014 година и после одличната прва сезона во младинскиот тим минатата сезона ја помина на позајмица во Спортинг Хихон.

Поради тоа што немаше за него место на „Кам Ноу“, Каталонците се одлучија да го продадат на Хамбургер за 6 милиони евра, но Хрватот не се снајде баш најдобро во Бундес лигата.

Халиловиќ сега има шанса да се врати во Шпанија, во Валенсија која го сака на позајмица до крајот на сезоната со право да го откупи неговиот договор следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите чекаат во редот: Болоња има играч од 50 милиони евра

Болоња е апсолутен хит на италијанската Серија А, а доколку избори пласман во Лигата на ша…