Дома Фудбал Меси: Постоеше наредба од Мадрид да ме нападнат

Меси: Постоеше наредба од Мадрид да ме нападнат

Многубројни фудбалери од Шпанија се соочија со осуда за избегнување на плаќање данок.

Тој во 2016. година беше осуден на 21 месец затворска казна, а мораше на ржавата да плати 12 милиони евра. Во затвор не отиде затоа што казната беше помала од две години, но парите мораше да ги плати.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Аргентинецот тврди дека одредени медиуми од Мадрид одлучиле да покренат процес против него.

„Постоеше наредба од Мадрид да ме нападнат, да ме победат и да искористат момент на слабост. Беше тешко да се помине преку тоа.“ – изјави Меси и додаде:

„Бев близу до депресија поради начинот на кој медиумите од Мадрид ме нападнаа со тоа што го пишуваа за мене и моето семејство. Беше многу тешко.“

„Имав среќа. Поддршката од луѓето кои ме сакаат од Барселона ми помогна да се опуштам.“

Проблеми со данокот освен Меси имаа уште многу ѕвезди, а посебно Кристијано Роналдо кој веќе со месеци се обидува да се договори за исплата на парите за кои Шпанија го обвинува дека ги сокрил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Баерн ја совлада Бока и се пласираше во осминафинале на клубското СП

Баерн Минхен успеја да триумфира над Бока Јуниорс со 2:1, што им обезбеди место во осминаф…