Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е неприкосновен владетел на Ролан Гарос и денес ја освои 11-та титула победувајќи го во финалето Доминик Тим со 3:0.
Првиот сет кој траеше неполн час му припадна на Шпанецот со 6:4. И во вториот сет Надал уште на стартот направи брејк, остварената предност ја сочува до крајот на сетот кој го доби со 6-3. Третиот сет Шпанецот го реши експресно препуштајќи ми само два гема на противникот (6-2).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светскиот рекет број еден по 11-ти пат во својата кариера ја освои титулата на Ролан Гарос и со самото тоа потврди дека е убедливо најдобриот тенисер на земја во историјата на тенисот.
За Шпанецот ова е 17-ти Грен слем турнир во кариерата и на вечната листа има три помалку од лидерот Роџер Федерер.