Дома Фудбал Англија Гвардиола му одговори на Јаја Туре: Ти си голем лажго!

Гвардиола му одговори на Јаја Туре: Ти си голем лажго!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола конечно одговори на обвинувањата на неговиот поранешен играч Јаја Туре.

35-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска го обвини својот поранешниот тренер за расизам и истакна дека не бил првиот што зборувал за тоа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Тоа е неверојатна лага и Туре тоа го знае. Јаја е голем лажго. Заедно бевме две години, а тој дури сега зборува за тоа. Зошто тоа никогаш не ми го рече во лице“, се прашува Гвардиола.

Каталонецот прокоментира и за можноста некогаш во иднина повторно да ја води Барселона и шпанската репрезентација.

„Никогаш нема да бидам селектор на Шпанија поради една причина. Никогаш нема да ми го понудат тоа место. Никогаш повеќе нема да бидам ни тренер на Барселона, повеќе не сум истиот од порано, а мислам дека и во Барса веќе не ме гледаат со исти очи“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…