Дома Останати Тенис Конечно: Симона Халеп го освои Ролан Гарос за прва Гренд слем титула!

Конечно: Симона Халеп го освои Ролан Гарос за прва Гренд слем титула!

На чекањето дојде крајот! Симона Халеп три месеци пред 27 роденден ја освои првата Грнед слем титула откако во финалето на Ролан Гарос ја соблада Слоун Стивенс со 2:1 во сетови (3:6. 6:4, 6:1.

После три обиди, финалињата на Ролан Гарос од 2014 и 2017, па потоа Австралија Опен во 2018 конечно реши едно финале на Гренд слем турнир во своја корист.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На Американката не и помогна и тоа што имаше предност и брејк во вториот дел од играта, Халеп овој пат себе си не си дозволи уште едно разочарувња и покажа дека знае да победи и во големите натпревари.

„Искрено не можам да верувам. Во последниот гејм не дишев. Направив се што можев. Неверојатно“, изјави импресионираната Симона Халеп по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…