Напаѓачот на Интер сепак би можел да добие шанса!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хорхе Сампаоли го изостави Мауро Икарди од списокот патници за Мундијалот во Русија, но сепак голгетерот би можел дополнително да биде повикан.
Имено, утрово селекцијата на Аргентина објави дека од списокот поради повреда отпаднал фудбалерот на Вест Хем, Мануел Ланзини. Повредата не е воопшто наивна и тој ќе го пропушти Светското првенство.
Одличниот играч за врска отпадна од списокот патници, а на негово место би можел да биде повикан напаѓачот на Интер кој би требало да е прва опција за Сампаоли. Одлуката би требало да биде донесена во наредните неколку часа.
Да потсетиме, претходно поради повреда од списокот на Аргентина отпадна и голманот Серхио Ромеро.