Дома Трансфер зона Ајакс кажа ДА: Клајверт се сели во Рома!

Ајакс кажа ДА: Клајверт се сели во Рома!

Младата ѕвезда на Ајакс, Џастин Клајверт е многу блиску до трансфер во Рома, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба веќе подолго време водеа преговори, а медиумите тврдат дека денес конечно постигнале договор за трансферот.

Рома за Клајверт ќе плати 20 милиони евра плус 5 во име на бонуси. 19-годишниот крилен напаѓач ќе потпише 5-годишен договор според кој ќе заработува 1,4 милиони евра по сезона.

Минатата сезона Клајверт запиша 30 настапи за Ајакс на кои постигна 10 гола, а се очекува во наредните денови да пристигне во Рим на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…