Дома Фудбал Останато Мијатовиќ има предлог за Реал: Клонирајте го Зидан!

Мијатовиќ има предлог за Реал: Клонирајте го Зидан!

mijatovic

Предраг Мијатовиќ, легендарниот репрезентативец на Југославија истакна дека за Реал Мадрид би било идеално кога би можеле да го клонираат Зинедин Зидан.

Зидан неодамна го напушти Реал и „кралевите“ сега се во потрага по негов наследник, а Србинот смета дека знае што би било идеално за шпанскиот гигант.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Идеално за Реал Мадрид би било да го клонираат Зидан. Гледам дека се споменуваат многу имиња со различни карактери, но сигурен сум дека клубот ќе го најде вистинското решение“, изјави Мијатовиќ.

Французинот го напушти Реал Мадрид откако успеа да ја освои третата титула во низа со Реал.

„Во минатото видовме јасни примери каков би требало да биде тренерот на Реал Мадрид и кој и да биде изборот, мора да се земе тоа во предвид“, порача Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…