Дома Трансфер зона Ништо од Премиер лига: Лемар на чекор од Атлетико Мадрид

Ништо од Премиер лига: Лемар на чекор од Атлетико Мадрид

Ѕвездата на Монако Томас Лемар минатото лето беше на лекор од трансфер на Островот, па се очекуваше ова лето да се пресели во Премиер лигата.

За него силен интерес покажуваа Арсенал и Ливерпул, но последните информации говорат дека е на чекор од трансфер во Атлетико Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, фудбалерот веќе им кажал ДА на „јорганџиите“ па двата клуба моментално преговараат околу отштетата.

Атлетико нуди 60 милиони евра, додека Монако за неговата слобода бара 80 милиони евра. „Скај Спорт“ пренесува дека преовладува оптимизан и дека двете страни се блиску да го договорат трансферот за 70 милиони евра.

Лемар беше желба на Барселона, но Симеоне ја доби битката за францускиот репрезентативец кој главно игра на левата, но може да игра и на десната страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…