Дома Фудбал Репрезентации Меси не сакаше да игра против луѓе кои убиваат деца, Израелците се налутија

Меси не сакаше да игра против луѓе кои убиваат деца, Израелците се налутија

Аргентинската репрезентација требаше да одигра пријателски меч против репрезентацијата на Израелно, но на инсистирање на самите фудалери од Аргентина, истиот беше откажан.

Главната улога во целата приказна за откажувањето на подготвителниот дуел на „Гаучосите“ против Израел ја имаше Линонел Меси, кој во разговор за TyC Sport ја објасни и причината зошто инсистирал да се откаже натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Како амбасадор на УНИЦЕФ, не можам да играм фудбал против луѓе кои убиваат невини палестински деца. Поради тоа моравме да го откажеме натпреварот, бидејќи, сепак, ние пред сè сме луѓе, па фудбалери“, изјави Меси.

Израелските медиуми пишуваат дека народот на Израел е лут поради фактот дека Лионел Меси и неговите соиграчи застанале на страна на терористите од Палестина.

„Постојат вредности кои се дури и над Меси. Политизирањето на аргентинската одлука ме загрижува. Ова е удар за нас, не само во спортска смисла, па може да предизвика ужасни работи“, предупреди претседателот на Израел, Рувен Ривлин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…