Дома Трансфер зона Анчелоти сака да го „украде“ Дармијан пред носот на Јувентус

Анчелоти сака да го „украде“ Дармијан пред носот на Јувентус

Анчелоти пред неколку недели седна на клупата на Наполи и веќе почна да работи на засилувањата за следната сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи испратил понуда до Манчестер Јунајтед за дефанзивецот Матео Дармијан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дармијан долго време се поврзува со трансфер во Јувентус, а некои медиуми веќе објавија дека трансферот е завршена работа, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу отштетата.

„Црвените ѓаволи“ бараат најмалку 20 милиони евра за Италијанецот, додека „старата дама“ не сака да плати повеќе од 12 милиони евра.

Таквата ситуација сака да ја искористи Наполи, кој е спремен да ја плати споменатата сума, а голем адут на Наполитанците е Карло Анчелоти.

Имено, токму Анчелоти е тренерот кај кого дебитираше Дамијан на 18 години во Серија А, уште кога двајцата беа дел од Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Звезда повторно ќе ја полни касата: Уште еден фудбалер пред милионски трансфер

Eкипата на Црвена Звезда одново би можела да има милионска продажба. Играше српскиот клуб …