Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау, демантираше дека поранешниот хрватски репрезентаивец Дарио Срна ќе го засили тимот во јануарскиот преоден рок.
Медиумите веќе подолго време пишуваат дека Срна е пред трансфер во Барселона, но Грау истакна дека клубот верува во својот десен бек Алеиш Видал.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Доколку некој замине од клубот, тогаш ќе дојде нов играч. Ние сериозно сметаме на Видал, поради тоа и го донесовме. Зачудува неговата мала минутажа, но сметките се сведуваат на крајот од сезоната“, изјави Грау.
Алеиш Видал беше донесен како алтернатива за Дани Алвеш, но и по заминувањето на Бразилецот тој не успеа да се избори за позначајна минутажа.
Шпанските медиуми шпекулираа дека овој 27-годишен фудбалер во јануарскиот преоден рок ќе ја напушти Барселона, а како негова замена најчесто се споменуваше Дарио Срна.