Дома Трансфер зона Пристигна како големо засилување, одигра пет натпревари и сега е проблем за Барса

Пристигна како големо засилување, одигра пет натпревари и сега е проблем за Барса

mina

Јери Мина сигурно е едно од најголемите разочарувања за Барса во последните години.

Колумбиецот пристигна како засилување за последната линија, но во Барселона не успеа да ги убеди луѓето во клубот дека поседува квалитет за клуб каков што гигантот од Каталонија. Се споменуваше дека би можел да замине на позајмица во Ливерпул, но тоа е малку веројатно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона сака да го продаде, платен беше 12 милиони евра, а одигра само шест натпревари. Каталонците се спремни да изгубат дел од сумата за што побрзо да се ослободат од централниот дефанзивец.

Мина ќе патува со Колубмија на Мундијалот, но нема да биде стартер и во овој момент на владее преголем интерес за овој играч.

Покрај тоа, неговиот статус на странец е потенцијален проблем за Барселона. Тој, Кутињо и Паулиљо засега ги пополнуваат местата за играчи без ЕУ пасош. Во Барса се надеваат на тоа што сопругата на Кутињо е Португалка и би можел да добие ЕУ пасош, но тоа е процес кој никој не знае како ќе заврши.

Тука е желбата на Барселона да го доведе Бразилецот, Артур од Гремио кој исто така нема ЕУ пасош. Тоа значи дека ако Мина не замине, Артур не би можеле да го регистрираат.

Ова би можело да биде негативен рекорд, односно дека клубот сака да го продаде. Би можеле да се обидат со позајмица, но тој има плата од 3.7 милиони бруто и тешко дека некој клуб од среден ред може да си го дозволи.

Мина со Барселона потпиша договор на пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…