Дома Фудбал Останато Денес паѓа пресудата: Мамиќ поради Модриќ и Ловрен може да добие казна од 15 години затвор!

Денес паѓа пресудата: Мамиќ поради Модриќ и Ловрен може да добие казна од 15 години затвор!

mamic

Денес на пладне судот во Осијек се очекува да му ја соопшти пресудата на Здравко Мамиќ.

Мамиќ е обвинет дека при трансферите на Лука Модриќ и Дејан Ловрен успеал да извлече 116 милиони хрватски куни и така ја оштетил државната каса за 12.2 милиони куни.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сопственикот на Динамо Загреб не е единствениот обвинет во целиот случај. Обвинети уште се неговиот брат Зоран, директорот на Хрватскиот сојуз и поранешени директор на Динамо, Дамир Врбановиќ и службеникот Милан Пернар.

После судењето започнато на 27 април кога четворицата обвинети се изјаснија дека не се смеаат за виновни обвинителството на последното рочиште на 28 мај предложи сите обвините да се прогласат за вниновни.

Името на Мамиќ се споменува во две дела за кои казната би можеле да изнесува и по 10 години затвор (поединечно), но единствената казна не може да надмине 15 години. Доколку Мамиќ биде прогласен за виновен и осуден на пет или повеќе години затвор, веднаш би требало да биде пренесен во истражниот затвор во Осијек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Премиер лигата дебитираше момче од 15 години поради кое мораше да биде направен специјален дрес

Премиер лигата синоќа влезе во нова ера бидејќи во еден натпревар од најдобрата англиска л…