Дома Фудбал Репрезентации Секс-скандал на осум дена пред Мундијалот: Осум репрезентативци „лудувале“ со 30 проститутки

Секс-скандал на осум дена пред Мундијалот: Осум репрезентативци „лудувале“ со 30 проститутки

mexico

Секс-скандал ја тресе репрезентацијата на Мексико на само осум дена пред почетокот на Мундијалот.

Мексико неодамна ја победи Шкотска со 1:0, а токму по овој натпревар осум репрезентативци на оваа земја одлучиле добро да се опуштат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Забавата на која присуствувале дури 30 проститутки била исполнета и со огромна колична на алкохол, пишуваат медиумите во светот.

Како што се наведува „лудата“ журка била организирана од страна на: Голманот Гиљермо Очоеа, Карлос Салседо, играчот на Манчестер Јунајтед Хектор Ерера, Жесус, Галардо, двајцата браќа Џовани и Џонатан Достантос, Хименез и Марко Фабијан.

Не е познато дали селекторот на Мексико бил известен за активностите надвор од теренот на неговите фудбалери, а во медиумите се чека негова реакција со оглед на тоа што сите осум фудбалери се во составот на Мексико кој ќе патува на Мундијалот во Русија.

Мексиканците Светското првенство го стартуваат на 17-ти јуни со натпрварот против актуелниот светски шампион Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…