Минатата сезона Далберт пристигна во Интер од Ница како големо засилување, но не успеа да ги исполни очекувањата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилскиот лев бек главно беше резерва и запиша само 12 настапи, па јасно беше дека за него нема место во тимот на Спалети.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „нероаѕурите“ постигнале договор со Монако и ќе го испратат Далберт на едногодишна позајмица во „кнежевството“.
Монако за позајмица ќе му плати на Интер 3 милиони евра, а во договорот има клаузула според која ќе можат да го откупат следното лето за додатни 24 милиони евра.
„Нероаѕурите“ минатото лето силно го посакуваа Далберт и за неговиот потпис и платија 27 милиони евра на Ница.