Дома Фудбал Италија Перез преку Галијани го контактирал Алегри – одговорот бил „НЕ“

Перез преку Галијани го контактирал Алегри – одговорот бил „НЕ“

Реал Мадрид е во активна потрага по човек кој може да биде вистински наследник на Зинедин Зидан и да продолжи онаму каде што застана Французинот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ во своето денешно издание пишува дека Флорентино Перез го контактирал стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Контактот помеѓу Перез и Алегри, наводно бил остварен преку Адријано Галијани кој важи за добар пријател на тренерот на „старата дама“. Сепак одговорот на Алегри бил – „не“.

Алегри ја отфрлил можноста да го превземе гигантот од Мадрид со објаснување дека има договор со Јувентус и сака истиот да го испочитува во целост.

Иначе во овој момент како единствен сериозен кандидат за превземање на Реал Мадрид е поранешниот стратег на Наполи, Маурицио Сари, а „срамежливо“ од вчера започна да се споменува и името на Португалецот Жорж Жесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Валверде поради тепачката може да замине од Мадрид, два гиганти ја следат ситуацијата!

Федерико Валверде стана посакувана цел на Манчестер Сити и Париз Сен-Жермен, додека се зго…