Дома Фудбал Погба: Зошто Меси не го критикувате кога се шета по теренот?

Погба: Зошто Меси не го критикувате кога се шета по теренот?

Пол Погба се најде на голем удар од навивачите на Франција пред почетокот на СП во Русија.

Франција пред неколку дена во Ница ја совлада Италија со 3:1, а Погба доби свирежи од трибините поради лошите игри. Навивачите на Франција потоа направија анкете и порачаа дека играчот на Јунајтед не заслужил да оди на СП.

Овие вести го погодиле Погба кој не очекуваше ваков однос од навивачите. Францускиот репрезентативец се изјасни после анкетата и пораките од навивачите кои не сакаат да игра на Мундијалот.

„Не знам зошто не го критикувате Лионел Меси кога тој се шета по теренот. Не знам некој да рекол дека тој се шета по теренот. Нормално дека тоа нема да го кажете. Немате право ниту на мене да ми кажете како да играм фудбал.“ – порача Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …