Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Голманот на Египет влегува во историјата на Мундијалот

Голманот на Египет влегува во историјата на Мундијалот

Египет вчера го објави списокот на играчи кои ќе играат на Светското првенство во Русија, а место доби и искусниот голман Есам Ел-Хадари.

Ел-Хадари за репрезентацијата на Египет дебитираше далечната 1996. година, а иако има дури 45 години и понатаму не сака да си оди во пензија. Сигурно дека неговиот сон ќе биде исполнет, бидејќи во доцните играчки години ќе настапи на Светското првенство.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Интерено е дека Ел-Хадари дебитираше за селекцијата на Египет десет месеци пред да се роди Рамадан Соби, кој исто така ќе оди со екипата на Светското првенство.

Ел-Хадари така ќе стане најстариот играч во историјата на Светските првенства и ќе го сруши рекордот на колумбискиот голман, Фарид Мондрагон. Колумбиецот на СП во Бразил пред четири години влезе во финишот на натпреварот за само да стане најстариот играч на Мундијалите со 43 години. Сепак, четири години подоцна, овој рекорд ќе биде срушен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Гвардиола конечно ја откри вистината за гребаниците: Пијам лекови

Менаџерот на Манчестер Сити на прес-конференција во пресрет на дербито со Манчестер Јунајт…