Дома Трансфер зона Изненадување: Дарио Срна го напушти Шахтјор, се сели во Серија А

Изненадување: Дарио Срна го напушти Шахтјор, се сели во Серија А

Хрватскиот репрезентативец Дарио Срна после цели 15 години го напушти Шахтјор, а кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

Иако изминатите денови се појави информација дека Хрватот кариерата ќе ја продолжи во Грција, сепак од Апенините пристигнуваат други информации.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Срна пристигнал на Сардинија и дека наскоро ќе потпише едногодишен договор со Каљари.

Срна 15 години го носеше дресот на Шахтјор и освои 10 шампински титули, а ова лето му заврши договорот со украинскиот клуб и моментално е слободен агент.

Каљари минатата сезона заврши на 16-то место во Серија А, па Срна сигурно ќе биде големо засилување за тимот од Сардинија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…